Мал пораст на цените на становите

Bez autora
Oct 13 2013

По континуирано намалување од речиси 2 години, цените на становите благо пораснаа во изминатите три месеци. Според податоците што ги објави Народната банка, од јули до септември цените на становите пораснале за 1,8 отсто споредено со вториот квартал од годинава. Претходно, од јануари до јуни тие поевтинија за 4,7 отсто. И покрај благиот пораст, цените с` уште се пониски отколку во почетокот на 2012 година. Статистичките податоци покажуваат дека становите биле најскапи во 2008 година, по што почна постепена стабилизација на цените. Денес станбениот квадрат се продава просечно за 991 евро, за разлика од пред две-три години, кога чинеше 1.165 евра.

Мал пораст на цените на становитеПо континуирано намалување од речиси 2 години, цените на становите благо пораснаа во изминатите три месеци.

Според податоците што ги објави Народната банка, од јули до септември цените на становите пораснале за 1,8 отсто споредено со вториот квартал од годинава. Претходно, од јануари до јуни тие поевтинија за 4,7 отсто.

И покрај благиот пораст, цените с` уште се пониски отколку во почетокот на 2012 година. Статистичките податоци покажуваат дека становите биле најскапи во 2008 година, по што почна постепена стабилизација на цените. Денес станбениот квадрат се продава просечно за 991 евро, за разлика од пред две-три години, кога чинеше 1.165 евра.

Прогнозите на експертите за недвижности се дека цените на становите во Скопје ќе паѓаат до крајот на годинава, а се очекува да се стабилизираат во втората половина на 2014 година. Поевтинувањето најмногу се должи на големата понуда на пазарот на недвижности, што се гледа по високиот годишен раст на изградени станови од почетокот на годинава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik